Home Актуелно ЦРВЕНКАПА ДОАЃА ВО ВАЛАНДОВО

ЦРВЕНКАПА ДОАЃА ВО ВАЛАНДОВО

0
ЦРВЕНКАПА ДОАЃА ВО ВАЛАНДОВО

ДЕТСКА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „ЦРВЕНКАПА“

Во четврток (трети октомври), 12:00ч во фестивалската сала „Јанко Узунов“ Валандово гостува детската театарска претстава “Црвенкапа”, влезот е 100 денари.

Детската театарска претстава „Црвенкапа“ е работена според оригиналната приказна на Браќата Грим што претставува култно дело во светската книжевност за деца. Оваа детска театарска претстава е адаптирана врз приказната за „Црвенкапа“ и во неа се задржани оригиналните ликови како Црвенкапа, бабата, волкот и ловџијата. Низ многу убави театарски моменти, со оригинални костими, низ прекрасна сценографија и со автентична музика, како и низ педагошки интерактивни и комични моменти ќе се приреди оригинална театарска хит претстава каде децата ќе ја слушнат и до нив ќе биде упатена пораката: „Јас ги исполнувам своите обврски и само така ќе биде исполнето секое мое право. Само така можам на секому да кажам: Здраво.“

Врз основа на оригиналната приказна, во претставата се додадени елементи кои се врзани со правата и обврските на децата.

Играат: Ема Давчева, Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов

Сценска визуелизација: Диди

Изработка на костими: Раде Василев

Режија: Сашо Ристовски

Продукција: Театар Хит, Скопје

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Радио Валандово