четврток, октомври 3, 2024

РАДИО ВАЛАНДОВО 91,6 FM

More

    ЕЛЕКТРИЧНИ ПОЛНАЧИ ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ЈУГОИСТОКОТ

    Југоисточниот плански регион со прва сеопфатна техничка документација за поставување брзи полначи за електрични возила

    Со поддршка од проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, Југоисточниот плански регион изработи сеопфатна техничка документација за поставување на брзи полначи за електрични возила. Документацијата опфаќа 20 одделни проекти за сите 10 општини во регионот – Струмица, Радовиш, Василево, Конче, Гевгелија, Валандово, Дојран, Богданци, Босилово и Ново Село.

    Оваа е првиот сеопфатен проект од ваков вид во регионот и во државата, соопштуваат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Документацијата ќе послужи како основа за обезбедување на инвестиции за одржливи транспортни решенија на територијата на овие општини.

    “Нашата следна цел е, преку координирани напори со општините и надлежните државни институции, да обезбедиме потребни финансиски средства за постепена изградба на е-полначите на предвидените локации. Поставувањето на овие брзи полначи од 150 kw и можност за нивно проширување до 220 kw, ќе отвори нови можности за развој на туризмот во Југоисточниот плански регион, привлекувајќи поголем број туристи кои користат електрични возила. Дополнително, оваа инфраструктура ќе игра значајна улога во намалување на загадувањето, подобрување на квалитетот на живот и зголемување на употребата на чиста енергија, што ќе придонесе кон еколошки и економски напредок на регионот“ – изјави г-нот Ѓоко Камчев, Директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

    Проектот „Е-полначи за електрични возила: техничка документација“ е реализиран со поддршка од Фондот за техничка документација. Овој фонд е воспоставен како инструмент за финансиска и техничка поддршка во управувањето со инфраструктурни проекти, како дел од проектот на УНДП (UNDP MK)„Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, кој се спроведува во партнерство со Министерство за локална самоуправа, преку финансиска поддршка обезбедена од Шведска (Embassy of Sweden in Skopje) и Бирото за регионален развој. Дел од финансиските средства беа обезбедени и од општините во Југоисточниот регион.

    Latest Posts

    Најнови вести

    Радио Валандово