четврток, октомври 3, 2024

РАДИО ВАЛАНДОВО 91,6 FM

More

    Изградба на нов колекторски систем во Валандово

    Општина Валандово интензивно работи на локацијата во градот Валандово каде во тек е  изградбата на колекторскиот систем за град Валандово, како исклучително значаен инфраструктурен проект за жителите на општината. Покрај заштитата на водите, почвите и обезбедување на поздрава животна средина со изградбата на колекторскиот систем за отпадни води ќе се заштити и многу значајниот археолошки локалитет Стакина чешма.

    -19ти февруари 2024 год. општината информираше за започнувањето на постапката за изградба на нов колекторки систем;

    -5ти јули 2024 година официјално започнаа градежните активности;

    -24 септември 2024 год. Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов сподели дека интензивно се работи на проектот колекторски систем  Валандово.

    Со самото  инвестирање во вакви крупни капитални проекти за подобрување на водоснабдителните и колекторски системи се подобрува здравјето на граѓаните.

     

    Latest Posts

    Најнови вести

    Радио Валандово