четврток, октомври 3, 2024

РАДИО ВАЛАНДОВО 91,6 FM

More

    ПАНДЕВ ПОБАРА ОСТАВКИ ОД СЕЈДИНИ И МИЛЕВСКИ

    Пандев побара оставки од Сејдини и Милевски: ФФМ стана место за лични интереси

    Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, отворено побара оставки од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, и од селекторот на репрезентацијата, Благоја Милевски. Во својата реакција, Пандев го критикуваше Милевски за понижувачкиот однос кон македонскиот фудбал, особено по катастрофалниот пораз од Англија со 7:0.

    „Односот на теренот и изборот на Милевски за некои фудбалери е понижувачки за сите кои работиме во фудбалот и кои инвестираме во фудбалот во Македонија. Милевски требаше да си оди по тие 7:0 од Англија, сето што се случува сега е борба за секој први во месецот,“ истакна Пандев, додавајќи дека националниот тим ја загубил контролата и дека треба да се направат промени.

    Тој исто така го критикуваше раководството на ФФМ, опишувајќи ја организацијата како место за лични интереси наместо за развој на фудбалот. „ФФМ последниве години се претвори во чајџилница, во место каде има се, само не фудбалски работници,“ изјави Пандев.

    Latest Posts

    Најнови вести

    Радио Валандово