четврток, октомври 3, 2024

РАДИО ВАЛАНДОВО 91,6 FM

More

    ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ РАБОТИ НА ЛОКАЛИТЕТОТ „СТАКИНА ЧЕШМА“

    Стакина Чешма претставува населба од римското време. Наоѓалиштето лежи на 50 метри јужно од центарот на градот, од двете страни на суводолицата што се спушта кон Анска Река. Во 1973/74 година Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата извршил заштитни ископувања со кои биле отворени шест простории со подни мозаици. Во една од нив била најдена мермерна када. Подоцна, од 1987 до 1990 година, истражувањата на објектот ги продолжил Музејот на Македонија. Откриени се уште четири нови простории со подни мозаици, обработени во опус сецтиле и опус тессалатум, а исто така и полукружен базен обложен со мермерни плочки. Ѕидовите се градени од кршен камен и варов малтер. Границите на објектот не се дефинирани. Меѓу подвижните наоди најмногубројни се фрагментите од керамички садови и ламби, а потоа предметите од бронза и железо. Најдени се и монети од Лициниј, Константин I и Констанциј II. Се смета дека се работи за голем објект, можеби палата, подигната во доцниот III или раниот IV век, која претставува дел од комплексот со луксузни градби пронајдени во самиот град Валандово.

     

    Локалитетот „Стакина чешма“ кај Валандово крие огромни мозаици изработени во доцноримскиот период. Станува збор за мозаични подови од луксузна палата од крајот на третиот и почетокот на четвртиот век и се претпоставува дека околу неа има комплекс од луксузни градби. Досега археолозите на Стакина чешма пронајдоа 10-тина простории со околу 360 квадратни метри подни мозаици изработени во врвна техника.

    Годинава на Стакина чешма, Томе Филов, конзерватор за мозаик од НУ „Стоби“ работи заедно со негови колеги од Србија, Романија, Германија, Шпанија, Полска и Индија.

     

     

     

     

     

    Истражениот дел од Стакина чешма низ годините е повторно потрупан со земја.

    Ивановиќ и Филов сметаат дека треба да размисли за конзервација на овој локалитет за да може мозаиците да бидат презентирани пред пошироката јавност а со тоа и да се развие културниот туризам во Валандово. Како што кажаа, треба да се размислува конечно во таа насока бидејки археолошките работи на Стакина чешма почнале од 1987 година, но ретко кој знае дека овде има одлични мозаици.

    Локалитетот е во самиот град нема и потреба од качување по ридови . Истиот е одличен потенцијал за општината и кога доаѓаат гости и посетители во овој град.

    Според археолозите реонот во Валандово во доцниот трет или раниот четврти век бил комплекс со луксузни градби кои биле напуштени по првите воени дејствија во четвртиот век.

     

     

    Latest Posts

    Најнови вести

    Радио Валандово