среда, декември 4, 2024

РАДИО ВАЛАНДОВО 91,6 FM

More

    СОУ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ВАЛАНДОВО ДОБИ ПРОЕКТ ОД 360.000 евра

    СОУ “Гоце Делчев” Валандово доби проект од Регионалниот фонд за предизвици во вредност од 360.000 евра
    “Со голема радост и гордост Ве известуваме дека проектната апликација на СОУ „Гоце Делчев“ Валандово на Регионалниот Challenge фонд е оценета со позитивна оценка.
    Нашето училиште доби проект од RCF фондацијата во вредност од 360.000 евра.
    Tоа значи дека во наредниот период ќе се набави нова софистицирана опрема, ќе се изведе нова градба и ќе следат обуки од експерти за професорите и учениците.
    Нова доградба на два спрата со училница, нова информатичка лабораторија, работилница со 2 машини CNC со специјализиран софтвер, суровини за работа на машините, фотоволтаици, трактор, сензорна меѓуредна машина, автоматски ножици за кроење, доопремување на линијата за производство на сок од калинка, сушара за овошје, опрема за пчели, машина за вакумирање, автоматска машина за пакување и останатати пропратни алати.
    Regional Challenge Fund (RCF) (Регионалниот фонд за предизвици) има за цел да ја зајакне важноста на пазарот на трудот во однос на стручното образование и обука преку финансирачки инвестиции во опрема и инфраструктура за субјектите кои обезбедуваат обука и кои учествуваат во заеднички активности за обука со партнерските претпријатија.
    Невработеноста на младите, во комбинација со недостаток на квалификувана работна сила кај претријатијата, ја отсликува економската ситуација во Западен Балкан. Оттаму, целта на Фондот е да ја зголеми вработливоста кај учениците со зајакнување на пристапот за заедничка обука во шесте држави од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.” споделија од училиштето

    Latest Posts

    Најнови вести

    Радио Валандово