Во официјална посета на општина Валандово е Амбасадорката на Грција, H.E. Софија Филипиду.
„На амбасадорката најпрво и искажав жалење за несреќата во железничкиот сообраќај во Република Грција, во која има голем број починати и повредени граѓани.“
На работниот состанок се разговарало за потенцијалот за развој на двете општества преку заедништво на нашите држави и народи, за поддршката која ни е неопходна во полињата кадешто тие имаат значаен напредок, како и за вмрежување на граѓаните на локално ниво.
„Зад нас е пример за прекугранична соработка и имплементација на проект за реконструкција на детската градинка Калинка во Валандово, во енергетски ефикасен објект со средства од ЕУ фондовите, како и неколку значајни грчки инвестииции во нашето локално стопанство.
Процесот на младинско поврзување и отварањето на инфо центарот во Валандово, како дел од мрежата на Youth Alliance, исто така е значаен чекор во нашиот однос кој поттикнува младинско пријателство и соработка на нашите два народи.
Посакувам, заедно да градиме иднина и да оставиме пријателска трага за наредните генерации. Да ги зближиме граѓаните преку соработка во сите општествени сфери и да создадеме силни партнерства на секое ниво.“ сподели градоначалникот.