Во ООУ “Страшо Пинџур” – Јосифово и оваа година, традиционално се одбележи “Светскиот ден без автомобили”.
Како и секоја година и годинава, на основците од ова училиште им се придружи градоначалникот на општина Валандово Перо Костадинов.
“Со пешачење на релација Јосифово – Горна Мaала – Удово, спортуваме, другаруваме и поттикнуваме. Испративме пораки за зелена и чиста животна средина и ја нагласивме потребата за здрави животни навики.
Одговорни и еко – свесни граѓани се искрата надеж за иднината. Нашите основци, од мали години се посветуваат на животната средина, растат одговорно и ги менуваат навиките околу нив.” сподели градоначалникот на општина Валандово Перо Костадинов.