четврток, ноември 21, 2024

РАДИО ВАЛАНДОВО 91,6 FM

More

    ДЕНЕС Е КРСТОВДЕН ВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ КРСТ

    Денес е Крстовден, Воздвижение на Чесниот крст

    На Крстовден се слави крстот како символ на победата над светската суета, симбол на смирениот бунт на внатрешниот човек. Именден слават Крсто, Крстана, Кристо, Кристина, Кристијана…

    Воздвижение на чесниот Крст или само Крстовден — голем христијански празник од есенскиот циклус, еден од 12 големи празници, којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 27 септември по стариот календар. Крстовден е празник на пост и покајание.

    Во народните верувања денот се нарекува Крстовден и се смета дека сите молитви ќе се остварат.Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури.

    На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината.Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли.

    Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.

    На Крстовден се почитува и строг пост – не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ротквици, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје.

    Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден. Се проценува дека во ноќта против Крстовден, Господ слегува на земјата и ја испполнува секоја посакана желба.

    Ова верување има најголема сила во месноста крстови Гора, каде легендите раскажуваат дека е закопан Христовиот крст.

    Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. На овој ден верните се потсетуваат на распнатиот Богочовек, на Крстот достоен за безусловна верност, и на неизбежното спасение кое доаѓа преку Христовото Распетие и сораспнувањето со Него.

    За време на празникот, Крстот е положен во центарот на Храмот, окружен со цвеќа и гранчиња босилек.

    Празникот Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос. Овој настан и се припишува на царицата Елена, мајката на цар Константин, основоположникот на Цариград (Константинопол).

    Првите три века по Христа не се знаело каде се наоѓа крстот Христов. Се претпоставувало дека е закопан во близината на неговиот гроб бидејќи според тогашните еврејски обичаи крстовите биле закопувани во близината на гробовите. Царицата Елена наредила да се копа околу гробот Христов но таму нашле три крста бидејќи во близината на Христовиот гроб биле и гробовите на двајцата разбојници што биле распнати во исто време.

    Тогаш се појавил проблем што не можеле да дознаат кој од трите е Христовиот крст. Во тоа време минувала погребна поворка и царицата Елена наредила мртовецот да се стави на трите крстови. И се случило чудо. На еден од нив мртовецот оживел. Тоа било знак дека тоа е бараниот крст врз кој бил распнат Исус Христос.

    За тоа разбрале жителите на Ерусалим и потрчале да го видат крстот. Но од големата турканица што се создала не можеле да го видат. Тогаш владиката ерусалимски Макарие неколку пати го кревал и го спуштал крстот вртејќи се на сите четири страни. Во тоа време народот се крстел и пеел „Господи помилуј”. Празникот Воздвижение на чесниот крст е строг пост.

    Latest Posts

    Најнови вести

    Радио Валандово