На учениците од основните училишта им остануваат уште неколку денови до големиот летен распуст. По завршувањето на основното, на деветто одделенците им останува да го направат изборот во кое училиште да продолжат средно образование кое во Македонија од 2008 година е задолжително
Денес разговаравме со деветто одделенците , полуматурантите од Валандово.
Ги прашавме дали имаат направено избор, некои веќе се сигурни и знаат, други уште се мислат, ги има и оние кои сакаат едно, а родителите друго.
Томи Андонов, годинава завршува основно образование во „ООУ „Јосип Броз Тито“, а знае и каде ќе го продолжи средното образование
-Ќе го продолжам во Валандово, во СОУ ” Гоце Делчев” и тоа дентален асистент.
Ова е убава можност за сите нас кои ги сакаме природните науки да останеме тука во Валандово, а со тоа ни се отвараат многу можности за понатаму да продолжиме на Медицинскиот факултет.
Среќен сум што и дел од моите досегашни соученици остануваат во Валандово, така да ќе продолжиме и натаму да се дружиме, но сакаме да запознаеме и уште нови другари, пријатели.
Јован Ристов
Јас моето средно образование ќе го продолжам во Гоце, останувам во Валандово.
Знам дека со мојот успех ќе успеам да се запишам и учам машинско. Сакам да станам машински инженер, а сакам да бидам дома, бидејќи сите другари остануваат тука и знам дека ќе ни биде многу убаво.
Ангела Чочкова
Ќе останам во Валандово, ќе продолжам да учам како дентален асистент. Ја сакам оваа насока бидејки ја сакам протетиката, а тоа е убава можност да добијам и пракса, а уште подобро е што ќе продолжам и на факултет. Ми се допаѓа во Гоце Делчев, бидејќи имаат современи лаборатории, а и пракса по стоматолошките ординации, а и моите другарки остануваат тука.
Марија Кнежевиќ
-Моето средно образование ќе го продолжам во „Гоце Делчев“ Валандово. Си останувам дома, во Валандово и со причина ќе учам за дентален асистент.
Зошто?
-Затоа што имам цел во животот, сакам да бидам стоматолог или протетичар. Јас ги сакам природните науки, а биологијата е моја тема , сум била на многу општински и регионални натпревари и секогаш сум била меѓу најдобрите и секогаш наградувана.
Александар Глигоров
Ќе учам за дентален асистент во Валандово.
Ја сакам стоматологијата, а ова е убава можност да останам дома во Валандово и да учам, да се подготвам за стоматолошкиот факултет.
Моите другари сите остануваме да учиме во Валандово, а таа е убава можност да бидеме заедно, ќе биде убаво да запознаеме и уште другари од други градови кои ќе дојдат во нашето преубаво идно училиште.
Панче Николов како одличен ученик завршува основно училиште во Валандово.
-Јас ќе го продолжам средното образование во Валандово., општа гимназија / општествено хуманистичка.
Тешко ли беше да направиш избор?
-Не, не беше тешко, знам што сакам и знам каде продолжувам, со најдобрите.
Ако заминам од Валандово ќе треба да чекам превоз, е јас тоа не го сакам.
Колку се важни пријателите и другарите?
Да, важни се , но остануваме тука сите другари и другарки.
Тина Ѓорѓевиќ , уште една одлична ученичка која своето средно образование ќе го продолжи во Валандово.
Што ќе се запишеш?
Останувам дома, бидејќи од дома нема поубаво, нашата гимназија е меѓу најдобрите. Речиси сите кои завршиле средно во Валандово се успешни, па зошто јас треба да размислувам.
Имам избор „Гоце Делчев“ ќе биде.
Што сакаш да учиш во Гоце?
-Ќе учам општа гимназија , бидејќи сакам да продолжам на Филозофскиот факултет.
Дали можеби изборот е Гоце оти твоите досегашни соученици ќе учат таму?
Старото пријателство е убаво да остане, но јас сум отворена и за нови пријателства. Знам дека многу други ученици од соседните општини ќе се запишат овде во Валандово, знам дека ќе ни биде убаво.
СЛУШАЈТЕ РАДИО ВАЛАНДОВО ВО ЖИВО