четврток, ноември 21, 2024

РАДИО ВАЛАНДОВО 91,6 FM

More

    ЕФЕ ИБРАИМОВ- ШАХИСТ И ПИЈАНИСТ

    ДРУЖЕЊЕ СО ЕФЕ ИБРАИМОВ ОД ВАЛАНДОВО – ШАМПИОН ВО ШАХ НА МАКЕДОНИЈА ДО 16 ГОДИНИ

    Годинава за прв пат шампион на Македонија до 16 години стана дете, Ефе Ибраимов од Валандово.

    На одржаното Државно првенство во шах кое се одржа во Струмица младиот шахист од Валандово освои најмногу поени и беше прогласен за Државен првак на Македонија во категорија до 16 години.

    Освен шах, Ефе создава музика, компонира, а научил да чита и ноти.

    Годинава Ефе стана дел од тимот пијанисти на Дом на култура Валандово, тој започна да свири пијано.

    Оваа година има голем интерес на многу млади музички надежи од Валандово кои го сакаат пијаното. Се надевам дека за многу кратко време ќе покажат колку навлегле во тајните на интерпретирање на дела од големите музички имиња во светот, но имаме  млади композитори кои творат и свират сопствената музика, како на пример нашиот Ефе Ибраимов.” ни изјави проф. Давчев.

    Професорот по музика во Дом на култура “25Мај” Валандово, Виктор Давчев ни сподели дека за неколку години ќе слушнеме за сега малите , а во иднина големи пијанисти од Валандово, како на пример братот и сестрата Иван и Сара, потоа за Петар, Здравче, Катерина и Каја.

    Денес Радио Валандово беше на часовите по пијано, се уверивме во брилјантната техника на музицирање, нагласениот музички сенс, скромноста, големиот ентузијазам како и креативна фантазија кои ја поседуваат дел од учениците, за кои се надеваме дека ќе бидат упорни, многу успешни и ќе го освојат концертниот аудиториум.

    Latest Posts

    Најнови вести

    Радио Валандово