петок, ноември 22, 2024

РАДИО ВАЛАНДОВО 91,6 FM

More

    ИМА АНГЕЛСКИ ГЛАС, НО ИВАНА САКА ДА БИДЕ ДОКТОРКА

    Ивана, те запознавме откако дојде да учиш во Валандово, во СОУ “Гоце Делчев”, слушнавме за твојот глас, бидејќи на сите манифестации кои ги организира твоето училиште си присутна, а публиката секогаш те поздравува со силни аплаузи.
    -Како се случи, кој те откри?
    -Моите први почетоци започнаа уште од основно образование каде членував во училишниот хор и оркестар. Подоцна како гимназијалка, благодарение на професор Младен Костадинов, мојот талент продолжува да се негува и развива.

    Од каде желбата за пеење?
    -Пеењето ми дава чувство на благосостојба и среќа, а сето тоа ми го исполнува умот со убави зборови и звуци.
    Каква музика сакаш?
     -Слушам поп, рок и класична музика.

    Каде имаш настапувано?
     -Имам настапувано на многу манифестации и натпревари. Би ги издвоила музичкиот фестивал ,,Eвропорта-Фест”, тука пред сѐ сакам да се заблагодарам на професорката Маја Зафирова, која неуморно ме подготвуваше за овој натпревар. Така оваа година под нејзино менторство учествував на 13. Меѓународен фестивал за млади изведувачи на популарна музика и танц ,,Виножито над Клептуза”, којшто се одржа во Велинград, Република Бугарија. 

    Сакам да упатам благодарност и до Општина Гевгелија за целосната поддршка. Исто така, честопати сум била гостинка во ТВ емисии. Но, настапот на меѓународниот фестивал дефинитивно е моето најголемо и најубаво искуство досега.

    Во краткиот разговор којшто го имавме пред извесен период ми кажа дека по завршувањето на средното образование ќе продолжиш на Медицинскиот факултет.  -Што сака да биде ИВАНА, доктор или пејачка?

     

     – Пеењето ми претставува хоби, слободното време ми е исполнето со музика.    Но, се гледам како иден доктор, бидејќи ќе студирам на Медицински факултет. Ви благодарам за вашиот интерес да направите интервју со мене.

     

    Latest Posts

    Најнови вести

    Радио Валандово