петок, ноември 22, 2024

РАДИО ВАЛАНДОВО 91,6 FM

More

    ИВАНА: ВО ВАЛАНДОВО СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО ДОМА, КАКО НА СВОЕ

    Ивана Серафимовска уште од мала е со музиката, свирела виолина, ја сака македеонската песна. таа е од музичко семејство, по татко дојранчанка, дел од „Танец“, дел од популарната фолк група „Академци“ и е Горда мајка на Софија.

    Ивана Серафимовска на „Валандово 2023“
    Ивана, за теет пат настапивте на валандовскиот фестивал. Што мислите?

    – Мислам дека по трет пат бев на вистинското место за еден пејач, кој сака да се почувствува достојно за професијата.

    Какво беше вашето предходно мислење за најстариот фестивал во Македонија, како е сега?

    – Бидејќи сум растена во духот на македонската народна музика, воедно и со овој фестивал горда сум што ми се оствари сонот да бидам дел од истиот.

    Вашата песна “Можеби” остави впечаток помеѓу публикта, а веќе се слуша на Радио Валандово. Може ли да ми кажете нешто за песната.

    – Драго ми е ако е така, за тоа и ја направивме да биде во еден модерен призвук, да ја доближиме до увото на слушателите. Поздрав до целиот тим.

    Ивана Серафимовска на „Валандово 2023“

     Погледнете го видеото за „Можеби“ на Ивана Серафимовска на следниот ЛИНК

    Ивана Серафимовска

    За Ивана знаеме дека по татко е од Дојран идека работи во Националниот ансамбл “Танец”, кажете ни нешто повеќе за Вас?

    -Ивана е горда мајка на Софија, сопруга, опкружена со прекрасни пројатели и доста турбилентно секојдневие.

    Ивана со Софија

    Вие сте професионален музичар, за работата со Танец сигурно можете многу да зборувате, но може ли да ни кажете каде се почуствува вистински Македонец на ваш настап?

    -Искрено, на сите мои настапи се чувствувам горда Македонка, пррзентирајќи ја македонската музика.

    Како ви се допадна во Валандово, што знаете за Валандово, ние сме блиски, ве имаме за наша оти доаѓате редовно во Дојран.

    -Валандово го посетувам од својата најрана возраст, нема потопол народ, попријатна клима, јас се чувствувам како дома,како на свое.

    Како би го опишала Валандово?

    – Како убаво мало градче, со убава природа и околина, со калинки од секоја страна, со традиционално вкусно слатко.

    Каква е вашата препорака на сите оние млади кои сакаат да настапат на валандовскиот фестивал?

    -Да дојдат на овој фестивал за да вистински се почувствуваат професионално, се пее во живо со прекрасен оркестар каде може да покажат што умеат, само храбро и напред!

    Дали ги следевте двете предфестивалски вечери во Валандово?

    -Да, бев во тек, немам зборови-прекрасна организација.

    Дали би наспаил повторно во Валандово?

    -Апсолутно, па јас само што почнав.

    Ивана Серафимовска
    Каде настапува Ивана, се пее ли во Вашето семејство?

    -Настапувам низ цела Македонија буквално, работам со бендот Академци, многу ми е исполнеѕо времето Моето семејство е екстра музикално, татко ми свири гитара, чичко ми кој е воедно и композитор на скоро сите мои песни вклучувајќи ја и овогодинешната “Можеби” а богами и ќерка ми е веќе со огромен потенцијал за музика.

     

    СЛУШАЈТЕ РАДИО ВАЛАНДОВО ВО ЖИВО

     

    Latest Posts

    Најнови вести

    Радио Валандово