Градоначалникот на општината Костадинов, денес информираше дека е започната постапка за изградба на нови тротоарски површини, долж регионалниот пат во населеното место Марвинци.
„Новата пешачка зона ќе овозможи слободен пристап на граѓаните до централниот дел од населеното место и подрачното општинско училиште.
Целта е формирање на безбедна и урбана зона за пешаците.“ сподели Костадинов.