ЈЗУ Здравствен дом-Валандово започнува вршење на уште една дополнителна дејност за специјалистичко консултативни прегледи по ,,Ортопедија”.
Валандово добива специјалист ортопед кој ќе врши специјалистички прегледи од ортопедска проблематика, консултации, дијагностицирање и третман на истите.
-Преглед на новороденчиња со ЕХО дијагностика за стабилитет на колковите,
-Ехо дијагностика на зглобови, мускули и меки ткива
-Спортски повреди – детекција и лекување,
-Специјалистички преглед на деформитети кај деца, рамни стапала, криви стапала, сколиози, кифози.
-Интра-артикуларна апликација на хијалуронски препарати,
-Третман на травматски повреди на мускуло-скелетниот систем,
-Дијагноза и третман на цервико-брахијалгии, ишијалгии, спондилози, спондилоартози, дископатии.