По повод празникот на општината „6 Ноември“, Општина Валандово, распишува
КОНКУРС
За доделување на наградата „6 Ноември“ и годишно признание на Советот на Општина Валандово по повод празникот на општината
Награда „6 Ноември“ се доделува на физички и правни лица од Општина Валандово и пошироко, како знак на општо признание за особени постигнувања и придонес во афирмација и развој на општината во сите области на општествениот живот (стопанство, наука, уметност, образование, култура, хуманост и др.).
Наградата „6 Ноември“ се доделува по повод Денот на општината „6 Ноември“ и тоа за континуирани резултати за подолг период на работно и творечко ангажирање.
Признанието се доделува и по други поводи за лични залагања и особен придонес за општината, во сите области на општественото живеење за пократок период.
Наградата „6 Ноември“ е во форма на плакета
Признанието е во форма на диплома.
Право да предлагаат кандидати за Награда и Признание имаат сите правни и физички лица.
Предлогот мора да е образложен, а кога станува збор за поединци, група творци треба да се приложи и кратка биографија. Предлагачите притоа мора да нагласат за која од општинските награди го предлагаат кандидатот и треба да приложат своја полна адреса и назив на седиштето, односно името и адресата.
Краен рок за поднесување на предлозите е 10.10.2024 година до 16:00 часот.
Предлозите се поднесуваат на следната адреса: Општина Валандово ул. Иво Лола Рибар бр.3, Валандово, со назнака „За 6 Ноемвриска награда“
ОПШТИНА ВАЛАНДОВО