Градоначалникот на општина Валандово сподели дека се започнува со постапка за целосно укинување на партиципацијата на родителите, за згрижување на своите деца во детските градинки, на територијата на општина Валандово.
“Општина Валандово, целосно ќе ја покрие родителската партиципација, со средства од Буџетот на општината.
Целта е, да се поддржат семејствата со деца на предшколска возраст, во време на енергетска и економска криза и да се зајакне солидарноста во заедницата.” сподели градоначалникот Костадинов.