За помалку од десет дена општина Валандово доби согласност за уште еден Урбан блок во град Валандово.
Градоначалникот на опшина Валандово Перо Костадинов денес информира дека општината доби согласност за детален урбанистички план (ДУП) на Урбан блок 7.2, кој опфаќа дел од населбата “Странец” во Валандово.
Да потсетиме дека за помалку од десетина дена, на 26ти септември општината ја доби и првата согласност за детален урбанистички план (ДУП) на Урбан блок 1.4, кој ја опфаќа населбата “Мечкин даб” и просторот покрај Здравствен дом во Валандово.”
Со добивањето на овие детални урбанистички планови по повеќе од триесетина години, Валандово конечно добива вистинска можност за развој, изградба, проширување на градот.
Детален урбанистички план се донесува за плански опфат, за кој е донесен генерален урбанистички план. Деталниот урбанистички план ( кој претставува план од повисоко ниво), мора да биде усогласен со генералниот урбанистички план.