Полскиот прволигаш Пјаст Гливице е новиот клуб на македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов, кој потпиша договор до лето 2025 година.
Костадинов изминатите четири сезони настапуваше за словачки Ружемберок, во чиј дрес одигра 104 натпревари и постигна 11 голови.
Новиот клуб на 25-годишниот македонски играч, за врска во својата историја има една шампионска титула, во сезоната 2018/19, а во тековното полско првенство во моментов е на 12. место со 23 бодови.
– За мене ова беше лесна одлука и чекор напред во мојата кариера. Пјаст е голем клуб и полската Екстракласа е силна лига. Доаѓам во клуб кој не така одамна го освои шампионатот. Сакам да постигнувам голови за клубот и да помогнам во следните натпреварите, порача Костадинов во изјава за клупскиот сајт на полскиот прволигаш од Гливице.