Здружението на граѓани „Сите за Цури“ и општинската организација „Црвен крст“ во Валандово, денес организираа меморијална крводарителска акција во чест роденденот на нашиот другар Ристе Ѓоргиевски – Цури .Во оваа крводарителска акција својата хуманост ја изразија и даруваа крв 54 сограѓани.
„Од кога Цури си замина, ние секогаш сме тука другарите, пријателите и граѓаните на Валандово да се сеќаваме на него.
Дарувањето на крв е наша привилегија и надеж дека со еден мал гест на хуманост ќе помогнеме во спасување не нечиј живот…
Да го чуваме сопственото здравје за да можеме да го подариме на друг“, порача Занов.
Во продолжение Фотогалерија од денешната крводарителска акција