Валандово, Дојран и Богданци се домаќини на малите олимписки игри, како најголем и најмасовен спортски настан за учениците од основните училишта во државата.
Се натпреваруваат 500 ученици од 40 училишта во пет спортски игри-кошарка, ракомет, одбојка, фустал и фудбал во машка и женска конкуренција.
Малите олимписки игри ги организира Федерацијата на училишен спорт, а се одржуваат со финансиска поддршка на Агенцијата за спорт и млади.