Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, денес (20.02.2023 година) свештенослужители на Повардарската епархија извршија осветување на камен-темелник за изградба на манастир, во месноста Извор, над Валандово. Манастирот ќе биде посветен на Успението на Пресвета Богородица, а ќе се гради под покровителство и со финансиски средства на ктиторот, г-дин Алексеј Пејовски со неговото семејство.