Фолк пејачот Мишко Крстевски победи на 36-то издание на фестивалот „Валандово 2023,” со песната „Ема убава”
Годинава пристигнуваат само позитивни реакции за песната која што ја освои валандовската публика и жирито во Валандово, а „Ема убава“ веќе се пее.
Комплетен автор на победничката песна е познатиот Љупчо Трајковски-Фис, а Мишко Крстевски за Радио Валандово изјави дека името Ема во насловот не е случајно, тоа е затоа што така се вика убавата внука на Фис.
Радио Валандово година се одлучи на еден поинаков начин да ги презентира песните од фестивалот, со убави приказни, од познатите места „Изворот“, Манастирот „Св. Георги“, Кафољот, Собри, Чалакли, Башибос, места од нашето убаво Валандово. Убавите видео приказни заедно со Антонија и Анета кои се дел од КУД„Гоце Делчев“ од Валандово, добиваат многу позитивни реации како од публиката, така и кај изведувачите на фестивалот.
Здраво Дионис. Убаво клипчето за Ема убава (мислам дека ти го пушти на Ју тубе) и ти благодарам што си го ставил на Ју тубе. Да ми кажеш каде е сниман материјалот , девојчињата кои се (прекрасни се)… Поздрав
Ви се допадна ли видеото?
Да, има позитивни реакции..Не само што песната се слуша низ цел свет каде што има Македонци, а во видеото се прекрасните, убавите девојчиња на кои прекрасно им стои народната носија. Нема Македонец на кои ова не му се допаѓа…
На овој начин, со БЛАГОДАРНОСТ ја започнуваме комуникацијата со нашиот победник Мишко Крстевски, победник кој ја препознал нашата намера, со песните од Валандово да ја покажеме нашата валандовска убавина.
Валандово, Македонија и дијаспората добро го познаваат Мишко Крстевски, нема кој не уживал во песната на Мишко, кој со својот глас и убавите песни опстојува со години на македонската музичка сцена…
Крстевски, кој на сцената е присутен повеќе од три децении, по потекло е од Неготино, познат по серенадите, Мишко со својата гитара бил неизоставен дел од нив. Има членувано во повеќе локални групи, кум на името на групата „Нели ти реков“, која предходно се викаше „Калипсо“, а потоа започна соло кариера и ја освојува публиката со својата скромност и пеењето од душа..
Мишко се врати во Валандово, зошто?
–Затоа што јас почнав на Фолк Фест Валандово ’91 , бев редовен учесник со повремени отсуства , а последното беше , поради Короната, некои ангажмани а и си ветив дека без убава песна подобро да не учествувам. Оваа година имав прекрасна песна.
Вашата кариера започнува од Валандово, се сеќава публиката на вашите песни на големиот Хит „Љубов моја ранлива“ која беше апосолутен победник..Како беше тогаш, како е сега?
Моите почетоци на фестивалот како што спомнавме, беа во еден период кој многу се разликува од сегашниот момент. Јас и неколку мои колешки и колеги ,бевме новата генерација на пејачи после осамостојувањето и публиката не сакаше, бевме млади , бевме мотивирани и сите бевме наградувани и поздравени и на фестивалската сцена и надвор од неа низ цел свет кај што има македонци.
Никогаш нема да се повтори масовната еуфорија во македонскиот народ , поради изгласувањето на независност на Македонија…зборувам за Македонците во цел свет. А ние бевме насушна потреба, беа потребни нови песни , млади лица… Но секоја генерација си носи свои таленти ,пејачи кои народот ќе си ги одбере , ќе ги сака и поддржува.
Ви се допадна ли годинава фестивалот Валандово?
Се уште не сум ги преслушал песните затоа што ги немам. Треба фестивалот да направи една трибина со некои од нас учесниците за да укажеме на тоа што не ни се допаѓа ,за да се подобрат некои работи. Не сакам вака да кажувам: ова не чини, она не чини како да сум некој судија. Само ова ќе го кажам…Организаторот треба со завршувањето на фестивалот да ги промовира максимално песните и да работи на следното издание, а рекламата е најважна.
И година фестивалот беше најавен со предфестивалски концерти на плоштадот во Валандово, како најава за фестивалот. Што мислите ?
–Сепак мислам дека треба да се ангажираат домашни пејачи ,уметници на предфестивалските вечери. Додека не почнеме да си ги цениме и промовираме сопствените македонски вредности ,ќе биде …ни вака ни така.
Каде настапува Мишко, има ли настапи низ Македонија, одиш ли во Австралија, Канада?
–Не настапувам редовно, но имам семејни и бизнис прослави и веселби за разни поводи низ Македонија. Во Канада бев двапати пред Короната, последен пат за дочекот на 2020 та година а во Австралија не сум бил подолг период. Во Хрватска редовно гостувам еднаш годишно во ” Денови на македонската музика” Низ Македонија….
Очекуваше ли награда во Валандово?
Кога си мотивиран и имаш убава песна ,не се оптеретуваш со наградите , мојата цел е да испејам уште некоја песна што ќе остане. Сепак сум среќен и благодарен на публиката што гласаше за мене.
Што по „Ема убава“, да очекуваме ли уште убави песни, музика од Мишко?
По Ема убава , во август ќе учествувам на Серенада во Битола ,убава песна но серенада…друг стил на песна ,но убава.
Погледнете го видеото за „Ема убава“ на следниот ЛИНК
СЛУШАЈТЕ РАДИО ВАЛАНДОВО ВО ЖИВО