Започна реконструкцијата на тротоарските површини долж улицата „Моша Пијаде“ во Валандово.
Градоначалникот Костадинов сподели дека реконструкцијата ќе опфати целосна замена на старите и оштетени бетонски тротоари, со нови од современ павер материјал, како и засадување на нови садници липи во склоп на постоечкиот дрворед.
Градежни активности и на влезот во Валандово, покрај булеварот „Првомајска“, кон внатрешноста од градот. Се создава нова безбедна и рекреативна зона за граѓаните.
Предвидената изградба на тротоари е завршена, а ќе има и нови зелени површини, партерно осветлување, жардињери, клупи, корпи за отпадоци, знаци и патокази, како и засадување на 50 садници листопадни дрва.
СЛУШАЈТЕ РАДИО ВАЛАНДОВО ВО ЖИВО