Полициска станица од општа надлежност Валандово, ги известува граѓаните на Општина Валандово дека на ден 26.09.2024 година (четврток) во времето од 08 до 14 часот ќе спроведе боево гаѓање со огнено оружје на Стрелиштето на м.в. „Голо брдо“ – Валандово.
Во наведениот ден и време се забранува секакво присуство и движење на неповикани лица во месноста „Голо брдо“ каде што ќе се спроведе боевото гаѓање.