петок, ноември 22, 2024

РАДИО ВАЛАНДОВО 91,6 FM

More

    НЕЈЗИНИОТ ГЛАС МИЛУВА, ДОПИРА ДО СЕЧИЕ СРЦЕ

    Елена Андоновска е една од нашите најубави пејачки, а нејзиниот глас, милува и допира до сечие срце 

    Елена настапи на 36-тото издание на ФОЛК ФЕСТ „ВАЛАНДОВО“, а нејзината песна освои најмногу награди: награда за најдобра интерпретација, второ место на фестивалот и најдобар аранжман.

    Песната „Ни седум неба ни седум гори“ е создадена од Горјан Стојановски-музика, Дарко Илиевски-аранжман  и Борче Нечовски текст.

     

    Елена Андоновска е професионален музичар, која студирала етнокореологија на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Веќе 15 години е вработена во Националниот ансамбл за танци и песни „Танец“.

    Елена со својот глас милува, допира силно, ги буди најдлабоките емоции кај секој.

    Заврши фестивалот во Валандово, пристигнуваат ли честитки уште ваша адреса, која е најдрагата честитка која што ја добивте?

    – Добив честитки од многу колеги и соработници, мојата драга публика и многу пријатели кои ме следат на Facebook. Сите ми се драги и причинуваат мотив за уште повеќе работа и посветеност. Најдраги ми се честитките од моето семејство. Дечињата беа пресреќни и многу возбудени бидејки им ветив дека ако освојам награда таа ќе биде за нив!

    Што мислите за овогодинешниот Валандовски фестивал, што ви се допадна, а што не?

    – Валандовскиот фестивал е на пиадесталот и важи за најреномиран фестивал во Македонија од ваков тип. Ми се допаѓа што вокалните интерпретатори имаат прилика да настапат во живо и тоа директно да може публиката да го проследи на телевизиските екрани. За поздрав е идејата да се посвети внимание на ликот и делото на маестро Милан Завков преку изведбите на неколку популарни песни создадени од него. Немам негативни критики бидејки се се одвиваше на високо професионално ниво и верувам дека така ќе биде и во иднина.

     

    Дали бевте присутни во Валандово на двете предфестивалски вечери на плоштадот?

    -За жал немав можност да присуствувам но следев на социјалните мрежи се што се случува. Одлични гости, задоволна публика тоа е доказ дека Валандово е град кој е посветен и со големо внимание работи на реализација на овој фестивал.

    Вие сте професионален музичар, дел од нашата македонска гордост “Танец”, колку ви помага тоа што сте во Танец и колку му помогате вие?

    – Во танец работам повеќе од петнаесет години како вокален солист и дел од вокалната група. Танец ме изгради како уметник и професионалец. Тоа е сосема поинаква дмензија и сценска концертна перцепција. Се надевам дека Танец правилно и понатаму ќе ги “користи’ моите вокални капацитти.

    Во Валандово ми кажавте дека Валандово е градот на мирот, спокојот и личните Валандовчани. Што знаете за Валандово освен за фестивалот?

    – Да Валандово секогаш ме асоцира на мир и спокој. Имам прилика да го посетам само работно доколку имам приватен ангажман или концерт со „Танец“. Има смирувачка енергија и луѓето се многу пријатни. Личните валандовчанки се своевиден белег на градот и не е случајно што го носат овој епитет J Покрај многу општи податоци кои ги знам за Валандово би ја издвоила богатата историја особено античката бидејки познато е дека на територијата на Општината Валандово има десетици археолошки наоѓалишта кои сведочат за неговата древност.,

    Сите ќе кажат дека Елена кога пее ги буди најдлабоките емоции на секој, вашиот глас вистински го милува слушателот. Каква е Елена приватно?

    – Елена приватно е мајка на три момчиња и сопруга. Посветена на домот и семејството со секојдневни обврски како и секоја жена. Имаме многу пријатели и секогаш сме опкружени со луѓе. Честопати сум дел од машките друштвени игри, не ми преостанува ништо освен да се адаптирам на машкиот свет околу мене J Но за почит е целата поддршка која ја добивам од нив…

    Во Валандово бевте со вашите композитори, но и вашето семејство, колку е важно за вас, тие да бидат со Вас?

    – Со авторите на песната се бодревме затоа што секој на свој начин има допринос за песната да биде забележана од публиката а во нашиот случај и наградена и тоа тројно. Семејството ме храни во емотивниот дел затоа ми е многу важно да е покрај мене. Секогаш се покрај мене, особено мојот сопруг Марјан со кој сме и колеги во “Танец“ а заедно настапуваме и со група “Седенка“. Кога си ја познаваме работата еден со друг и соработуваме тогаш сите нешта се одвиваат полесно. Се поддржуваме еден со друг во работата и нормално е да резултира со успех.

     

    10 кратки прашања за  Елена Аноновска:

    1.Која песна требаше да победи во Валандово?
    – Најдобрата

    2.Во што веруваш?
    -Во Господ, во семејството, во себе…

    3.Каде би сакала да живееш?
    -Само Македонија

    4.Кое ви е омилено јадење?
    -Немам омилено

    5.Каква музика слушаш приватно?
    -Најчесто македонска

    6.Телевизија или радио?
    -Дома телевизија во автомобил радио

    7.Каде би сакала да имаш концерт?
    -Многу сали низ светов… долг е списокот 😊

    8.Дали се во криза македонските композитори?
    -Никогаш не биле не верувам дека се и сега

    9.Тешко ли е да се дојде до вистински убава песна?
    – Јас имам високи критериуми за мене тешко е

    10.Која песна ве опишува вас како личност?
    -Не сум се пронашла во ниту една песна до сег

    Слушнете ја Елена Андоновска со „Ни седум неба ни седум гори“ на следион ЛИНК

    Latest Posts

    Најнови вести

    Радио Валандово