Соопштение
Драги браќа и сестри, на 21.09.2024 (сабота), ден посветен на Мајката наша Богородица,
во храмот св.вмч.Димитриј ќе се отслужи утрена со Света Божествена Литургија со почеток од 7 часот.
Оваа год.како и предходните со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Повардарски г. Агатангел празникот Рождество на Пресвета Богородица ќе се одбележи и во истоимениот храм во центарот на нашето Валандово кој сеуште е во изградба
-Во 10 часот ќе има водосвет и благословуање на славските колаци за сите оние кои сакаат да ги принесат за здравје и спасение.
Храмот ќе биде отворен од 07 до 17 часот.
Да принесеме молитва кон Богородица, искрената и заедничка молитва секогаш ќе биде услишана.