петок, ноември 22, 2024

РАДИО ВАЛАНДОВО 91,6 FM

More

    НОВО ВОЗИЛО ЗА ТППЕ ВАЛАНДОВО

    ТППЕ Валандово доби ново возило за прв одговор, кое ја зголемува ефикасноста на противпожарната единица и овозможува побрзо справување со шумски пожари.

    Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во имплементацијата на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“, набави две противпожарни возила за ТППЕ Валандово и ТППЕ Гевгелија во вредност од над 200.000 евра.

    Малиот камион за спасување ќе биде за употреба на ТППЕ – Гевгелија, а возилото односно пикапот за прв одговор ќе биде за употреба на ТППЕ Валандово, информираа од Центарот.

    Градоначалникот на општина Валандово сподели дека ТППЕ е исклучително важен елемент во локалната заедница. Ги заштитува човечките животи и материјалните добра и симболизира сигурност за граѓаните. Зајакнувањето на капацитетите на нашата единица, е добробит за сите.

     

    Според директорот на Центарот Ѓорги Камчев, веќе во процедура е набавката на трето противпожарно возило кое ќе биде наменето за ТППЕ – Струмица.

    Ваквата набавка на специјализирани возила ќе ги олесни интервенциите на терен, особено во делот во справување со шумски пожари, а воедно ќе ја зголеми и ефикасноста на сите територијални противпожарни единици од Југоисточниот плански регион.

    Со новата модификација исто така ќе бидат набавени и три дронови со сензорни камери кои ќе се користат за рано откривање и маркирање на пожарите на тешко пристапните места.

    Проектот е финансиран од страна на Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Р. С. Македонија

    Latest Posts

    Најнови вести

    Радио Валандово