четврток, ноември 21, 2024

РАДИО ВАЛАНДОВО 91,6 FM

More

    Од понеделник, 16 септември, во аптеките ќе можат да се набават деветте нови лекови на позитивната листа

    Од понеделник, 16 септември, во аптеките ќе можат да се набават деветте нови лекови на позитивната листа.

    Информацијата ја сподели министерот за здравство, Арбен Таравари на денешната прес-конференција. На листата се додадени лекови за крвен притисок, за срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција.

    Се работи за девет нови генерации, односно 87 лекови во различни имиња и форми.

    Таравари истакна дека заедно со Светската здравствена организација (СЗО) подготвуваат платформа преку која ќе биде обезбедена транспарентност на целиот процес за идното проширување на позитивната листа, и ќе бидат земени во предвид препораките од СЗО и од експертите во државата.

    Следното проширување на позитивната листа, како што најави министерот, ќе биде по Нова година.

    Latest Posts

    Најнови вести

    Радио Валандово