Тоше…најсветлата ѕвезда која што блеска на ова македонско небо…денес ќе наполнеше 42 години.
Тоше Проески е нашиот непребол. Македонија, Балканот и светот го помнат како голема музичка ѕвезда, човек со огромно срце за помош на секого.
Обожавателите и приврзаниците на големата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески денеска на Гумење во родното Крушево го одбележаа неговиот 42 роденден. Веќе 16 година се одбележуваат значајните датуми за Тоше без него, но со почит, сеќавање, и радост што го имавме. На вечното почивалиште на Тоше Проески на Гумење во Крушево посета и почит од институции и негови привзаници од земјава и странство.
Радио Валандово со програмата „Ангел си ти“ го одбележува роденденот на најголемата музичка ѕвезда на овие простори со целодневно емитување на неговите хитови.