По повод 151-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, општинска делегација предводена од градоначалникот Перо Костадинов и претседателот на советот на општина Валандово Владимир Марков, положија свежо цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во Валандово.
Градоначалникот Костадинов напиша
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е НАШИОТ СИМБОЛ НА ЗАЕДНИШТВОТО
Гоце е идеологот на македонската државност и еден од најистакнатите револуционери во борбата за слободна македонска држава.
Делчев е симбол на непокорот, на правдољубивоста, храбоста, симбол на борбата за слобода и еднаквост. Великан кој со својата визија остави патоказ за идните генерации.
Нека му е вечен споменот!
Свежи цвеќиња во Валандово и Пирава положија од Сојуз на борците Валандово како и граѓани.