Во петокот започа новата светска авантура за македонските ракометари. Во Краков, Полска во рамките на група Ф, Македонија го одигра првиот натпревар на мундијалот против Норвешка. Норвежаните, кои се фаворитит за висок пласман, ги искористија сите слабости во нашата игра, додека селекцијата на Кирил Лазаров, подржана од фантастичните македонски навивачи на трибините во Краков, само на моменти покажуваа дека има потенцијал за многу повеќе. Како и да е, на Македонија и следуваат двата поважни мечеви од групната фаза, дуелите со Аргентина и Холандија, против кои би требало подобро да можеме да се разигруваме и да сметаме на позитивен резултат и пласман во втората фаза.
Нашите ракометари на големите натпреварувања традиционално ја имаат поддршката од нашите навивачи. На големите натпреварувања патуваат и најверните ракометни фанови. Со години на големите континентални собири ги гледавме нашите валандовчанани кои редовно во овој период од годината, по новогодишните празници се со нашите најдобри ракометари. Годинава верните навивачи од Валандово се во Полска на СП-2023.
Вториот меч Македонија го игра денес, 15 јануари против селекцијата на Холандија од 18:00 часот.