Во пресрет на патрониот празник на нашето СОУ„Гоце Делчев“ се одржа свечена академија по повод 50 години постоење на гимназиското образование во нашата општина.
„Средното општинско училиште е исклучително значаен образовен потенцијал за нас. Изнедрува одговорни и способни индивидуи, создава развој и креира вредност.
Искажувам огромна благодарност до професорите кои 50 години наназад, биле вклучени во образовниот процес на училиштето. Нивната улога е благородна и особено важна за напредокот на локалната заедница.“ истакна градоначалникот на општината.