Градоначалникот на општината Перо Костадинов информираше дека е добиена согласност на урбанистичкиот план за населено место Пирава, општина Валандово, од страна на Министерството за транспорт и врски. Истиот, ќе биде проследен на разгледување и усвојување до Советот на општина Валандово.