четврток, ноември 21, 2024

РАДИО ВАЛАНДОВО 91,6 FM

More

    Валандовчанецот Д-р Даниел Кировски заминува за Турција

    Нашиот валанадовчанец, Д-р Даниел Кировски заминува за Турција. Тој ќе биде дел од медицинскиот тим кој ќе замине во Турција во погодените подрачја од земјотресот.

    „Потребите се особено големи во Јужна Турција и северозападна Сирија, бидејќи овој земјотрес е уште еден драматичен удар за ранливите луѓе овде, кои со години живеат во услови на војна“, рече доктор Даниел Кировски.

    Лекарите сме во близок контакт со локалните власти во северозападна Сирија и со властите во Турција за да ја пружиме поддршката онаму каде што е потребно.

    „Во моментов ја проценуваме ситуацијата и потребите во Сирија и во јужна Турција за да го зголемиме нашиот одговор бидејќи бројот на загинати и повредени се зголемува секој час“, вели Д-р Даниел Кировски.

    Логистичката операција опфаќа транспорт на екипи за итни случаи до аеродромот во град Адана,Турција. Очекуваме барања од турска страна за лекарства од прва итна потреба, а тие се обезбедени заедно со цела медицинска опрема, рече доктор Даниел Кировски за Радио Валандово.

    Д-р Кировски посочи дека се целосно подготвени за заминување, а во моментов се прецизира местото каде ќе бидат сместени и ќе работат. Ова е огромна катастрофа и не ни е важно колку долго ќе останеме таму да помогнеме, ќе останеме онолку колку што е потребно, додаде тој. Јас сум пред се доктор, тоа е моја должност, додаде Д-р Кировски. Подготвени сме со лекови, стерилни материјали, инфузии, шини и сл.

    Каква беше реакцијата на твоите блиски, родителите, пријателите.

    Добивам многу охрабрувачки пораки од моите блиски пријатели, ми посакуваат среќен пат и само храбро. Родителите ми се во Валандово, се слушнавме по телефон, на кратко им кажав дека заминувам во Турција, а последните зборови на мајка ми беа “ЧУВАЈ МИ СЕ СИНЕ”.

    Целото интервју со Д-р Кировски, слушајте го во утринската програма на Радио Валандово

    Latest Posts

    Најнови вести

    Радио Валандово