Валандовска РАКИЈАДА 2024-та ќе се одржи на 26-ти октомври
Валандовските лозари крајот на сезоната го одбележуваат со манифестацијата посветена на грозјето и традиционалната домашна ракија. И годинава, со тазе печена ракија, вкусни специјалитети, македонска песна и многу богата програма со што ќе се означи крајот на гроздоберот.
Најавувајќи го настанот, градоначалникот на општината Перо Костадинов сподели:
“Валандовската Ракијада е настан кој обединува и сплотува. Преку истиот, испраќаме пораки за заедништво, важноста на фамилијарната традиција и негувањето на вредностите наследени од нашите предци. Да живее валандовската посебност.”
Валандовска ракијада е традиционален настан со изразито културолошко значење за општина Валандово, кој опстојува повеќе од две децении и на кој како учесници се јавуваат ракијаџии од повеќе генерации.
Манифестацијата за прв пат е одржана во 2000-та година и нејзината цел е зачувување на вековната традиција на варење на ракија и потенцирање на нашата посебност пред светот.