Зимскиот распуст е продолжен до 23 јануари поради заштита на здравјето на учениците и заштеда на електричната енергија за греење.
Со одлука на Владата, на предлог на Министерството, второто полугодие од учебната 2022/2023 година, наместо на 18 јануари, почнува на 23 јануари (понеделник), со физичко присуство за сите ученици. Зимскиот распуст е продолжен поради заштита на здравјето на учениците и заштеда на електрична енергија за греење.